Интер и Барса ќе се надмудруваат на фудбалски терен, но и зад сцената

Пресметката на Интер и Барселона од Лигата на шампионите, нема да биде само обичен меч кој ќе одреди дали Интер ќе оди во осминафиналето, туку зад кулисите ќе се водат и преговори околу можни трансфери на релација Милано-Барселона и обратно.

Прва тема на овие разговори треба да биде 32-годишниот Артуро Видал. Чилеанецот би сакал да оди во Интер, каде би имал поголема минутажа, а и каталонците се расположени да ги пуштат ако добијат соодветна понуда (барем 25 милиони евра). Од друга страна, ова лесно откажување на каталонците од борбениот фудбалер од средниот ред може да значи и нивен гест на добра волја, затоа што налето ќе чекаат ист таков попустлив став на Интер кога Барса ќе испрати понуда за напаѓачот Лаутаро Мартинес.

Интер го посакува и Иван Ракитиќ, но полесно може да стигнат до Видал и затоа фокусот е насочен кон него. Видал играше и напредуваше во кариерата во Јувентус кога тренер беше Антонио Конте, рече дека би влегол во војна за него, па не би имал проблем со адаптацијата во Интер, на чија клупа сега седи Конте.

- Оглас -

Најнови вести