Интер бесплатно ќе добие една супер играч од ривал во Серија А

Интер кога реши да тргне во обид да го симне Јувентус од тронот во Серија А, се засили не само на теренот, туку и надвор од него. Кај Нераѕурите дојде Џузепе Марота, долгогодишниот спортски директор токму на Старата дама. Марота е познат по тоа што има одлични преговарачки способности и успева да донесе одлични играчи без да плати ниту едно евро.

Во времето на Марота во Јувентус за џабе пристигнаа Андреа Пирло, Пол Погба, Сами Кедира, Дани Алвеш… Искусниот спортски директор со истата шема продолжи и во Интер. На „Џузепе Меаца“ го доведе Диего Годин, а сега фокусот е насочен кон Дриес Мертенс.

Белгискиот репрезентативец има договор со Наполи до крајот на оваа сезона, а според најавите на италијанските медиуми, Мертенс потоа кариерата ќе ја продолжи во Интер. Мертенс одбил богата понуда од Кина и ќе потпише двегодишен договор со Интер според кој годишно ќе добива по шест милиони евра по сезона.

Мертенс дојде во Наполи во 2013 година и досега има дадено 88 погодоци во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести