Интер без Чалханоглу во наредните три недели

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, ќе отсуствува од терените околу три недели поради повреда, пренесоа италијанските медиуми.

Чалханоглу се повреди минатата недела во финалето на Суперкупот на Италија, а по половина час игра против Милан (2-3) мораше да го напушти теренот поради повреда на бутниот мускул.

Поради истегнувањето на мускулот тој тренираше одделно од тимот, но се пожали и на болка во листот, па беше детално прегледан и утврдена е повреда на мускулот на листот.

„Скај Италија“ пренесе дека се очекува турскиот фудбалер да паузира две до три недели. Поради ова ќе ги пропушти натпреварите против Болоња, Емполи, Спарта Прага и Лече, а можно е да го пропушти и дуелот со Монако во Лигата на шампионите на крајот од месецот.

- Оглас -

Најнови вести