Интер едвај ја преживеа Парма: Израмни во 88-мата минута, а голот за победа Ачерби го даде со глава од 16 метри (Видео)

Фудбалерите на Интер обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Италија откако по продолженијата од двапати по 15 минути ја победија Парма со 2:1.

Голот за победа Нераѕурите го постигнаа во второто продолжение, во 110-тата минута, и тоа со удар со глава од работ на шеснаесетникот.

Стрелец беше Ачерби, кој одбиената топка ја искористи со одличен удар со глава да го лобува легендарниот Џанлуиџи Буфон.

Парма поведе со голот на Јуриќ во 38-мата минута, по што Млекарите се одлучија да го бранат водството. Тие одолеваа на нападите на фудбалерите на Интер сè до 88-мата минута, кога Лаутаро Мартинес со одличен шут ја затресе мрежата на Буфон. Потоа во продолжението Ачерби ги однесе Нераѕурите во четвртфиналето.

Утре ќе играат Милан и Торино, во четврток Рома – Џенова и Фиорентина – Самдорија, а останатите четири натпревари од осминфиналето во Купот на Италија ќе се играат наредната недела.

- Оглас -

Најнови вести