Интер го прегази Кротоне и најавува титула во Серија А (Видео)

Интер на „Џузепе Меаца“ го победи Кротоне со 6-2, и со новите три бода тимот на тренерот Антонио Конте изби на прво место во Серија А и таму ќе остане најмалку до вечерва во 20.30 часот.

Во првото полувреме Интер прими два гола (беше 2-2), но на пауза беше повлечен од игра Артуро Видал кој е надвор од форма, и во вторите 45 минути Интер го прегази Кротоне со дури четири гола.

Лаутаро Мартинес даде три гола, ова е негов прв хет-трик како играч на Интер, а Аргентинецот во цела 2020 година ниту еднаш не даде ни два гола на еден меч. Мауро Икарди во март 2018 година беше последниот играч на Интер кој направил хет-трик во лигашки меч. Во форма е и Ромелу Лукаку кој имаше гол и асистенција. Белгиецот по 50-ти пат играше за Интер во Серија А и има 35 гола.

Ова е голот за 3-2, кој го постигна Лаутаро, по асистенција на Брозовиќ и атрактивна пред-асистенција со пета на Лукаку:

- Оглас -

Најнови вести