Интер го суспендираше Наинголан

Интер објави шокирачко соопштение со кое ја информираше јавноста дека белгискиот играч Раџа Наинголан е суспендиран од клубот поради дисциплински причини.

„Интер потврдува дека го казнува Раџа Наинголан од фудбалската дејност, поради непочитување на на дисциплината во клубот”, – гласи краткото соопштение на „нераѕурите”, кое се појави утрово.

Сега е јасно дека „Нинџата“ нема да биде дел од тимот на божикниот лигашки меч против Наполи. Наинголан кој има 30 години, беше купен за 38 милиони евра плус Николо Ѕаниоло од Рома, но уште се бара себеси на „Џузепе Меаца”.

Тој има три гола на 15 меча за Интер. Веројатно ќе му биде дозволено да тренира со екипата, но нема да игра, додека не се донесе поинаква одлука. Против Наполи сигурно нема да биде во составот, а можеби ќе добие шанса на 29 декември на гостувањето кај Емполи.

- Оглас -

Најнови вести