Новото 16-то коло на Спортска прогноза е во полн ек, а главниот предизвик е јасен. Да се освои Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 понудени парови кои се на понудата, а се дел од Топ 5 лигите во Европа.
Стандардно, подароци има и за оние кои ќе имаат и по 12 и 11 погодоци, а тоа се вредносни ваучери од по 1.000 и 500 денари во Sport Life.
Од понудените 13 мечеви за ова коло, најголем предизвик ќе биде да се погодат дерби-дуелите во Германија и Италија. Германскиот првак Баерн Минхен гостува во Дортмунд кај Борусија, тим кој е најголем ривал на Баварците во трка за титулата. Ако се погледнат последните шест меѓусебни дуели, Баерн доминира и има шест победи во низа, па затоа и очекувано е што две третини од досега направените прогнози се за „двојка“.
Во Италија, Интер гостува на „Олимпико“ во Рим против Рома. Нераѕурите влегоа во одлична форма и ќе биде интересно како ќе одиграат против тимот на Жозе Мурињо. Во Серија А ќе биде неизвесно и на дуелот меѓу Наполи и Аталанта, двете екипи кои се борат за Скудетото.
Искористете ја бесплатната игра и прогнозирајте за да бидете дел од трката за добивање на вредните подароци од Sport Life.