Интер и Баерн Минхен постигнаа договор за францускиот репрезентативец

Италијанските медиуми тврдат дека европските гиганти Баерн Минхен и Интер постигнале договор за трансфер на Бенжамен Павар. Францускиот репрезентативец од германскиот првак ќе направи трансфер во италијанскиот калчолигаш. Сумата на трансферот ќе биде 30 милиони евра, плус два милиони евра кои ќе бидат дадени во вид на бонуси.

Веќе подолго време траеја договорите за овој трансфер, а Баерн одби 25 милиони евра, па Интер ја зголеми понудата, која сега е прифатена.

Францускиот репрезентативец, кој има 49 настапи за националниот тим, во Баерн Минхен дојде во 2019 година, а претходно има играно и за Штутгарт и Лил.

- Оглас -

Најнови вести