Интер и Челзи се подобри без Лукаку

Легендата на италијанскиот фудбал и на англиската Премиерлига, Паоло Ди Канио, даде свое мислење за Ромелу Лукаку, и ситуацијата во која се наоѓа Белгиецот.

Лукаку даде интервју во кое кажа дека сака веднаш да си замине од Челзи, жали што го напуштил Интер, а Сините го казнија со тоа што Лукаку е надвор од составит за денешното дерби со Ливерпул и ќе мора да го гледа од трибините.

Ди Канио беше жесток со зборови кон „арогантниот и слаб“ Лукаку.

„Интер победува и без него, а и Челзи игра многу подобро кога тој не е на терен. Тој се предава после шест месеци, а мислам дека тој е арогантен и не сфаќа кое е неговото реално ниво. Тој го освои Скудетото во Италија, но не е Меси. Интер и без него ќе беше шампион, ќе беа шампиони и ако наместо него, во нападот го имаа на пример Запата од Аталанта. Ако мислеше Лукаку дека кога ќе потпише за европскиот првак автоматски таму ќе биде број 1, тогаш му треба будење од сонот. И во Челзи си ја кубат косата и жалат што потрошија толку пари за играч кој и не им требаше“ – изјави Ди Канио.

- Оглас -

Најнови вести