Интер и со бод е позадоволен од Рома

Интер и Рома ремизираа 1:1 на дуелот во Милано, во меч по кој домаќините може да бидат позадоволни од освоениот бод. Рома поведе со погодкот на Ел Шарави во 14 минута, а Иван Перишиќ израмни по нешто повеќе од еден час игра.

Освоениот бод значи дека Интер останува сигурен на третото место во Серија Асо 61 бод, додека Рома остана петта со шест бодови помалку од „нераѕурите“. Сепак „ромската волчица“ останува во трката за место кое води во Лигата на шампиони, бидејќи има само еден бод помалку од четвртопласираниот Милан.

https://youtu.be/f6dbqnqYAhg

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести