Интер игра фантастично, Лаутаро ја измеша одбраната на Лацио (Видео)

Фудбалерите на Интер како победници се враќаат од тешкото гостување во Рим, откако госовладаа Лацио со 0-2. Интер со оваа победа му побегна на Јувентус на +4 во борбата за титулата.

Лаутаро Мартинес во 40-тата минута го отвори резултатот, откако успеа да го мине противничкиот голман и да ја смести топката во мрежата на Лацио.

Конечните 0-2 ги постави Маркус Турам во 66-тата минута, со што само ја потврди третата победа во низа за екипата на Интер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести