Интер има долга листа на напаѓачки желби, најблиску до Милано е најголемата утка на Реал Мадрид

Шампионот на Италија, Интер, има долга листа на потенцијални летни засилувања во нападот, а најреална варијанта е во Милано да пристигне најголемата утка на Реал Мадрид во последните години.

Се работи за Лука Јовиќ, кој разочара во таборот на шпанскиот гигант, а би пристигнал на „Џузепе Меаца“ како позајмен играч во следните две сезони.

Српскиот напаѓач дојде во Реал Мадрид во јуни 2019 година за сума од 60 милиони евра, што Кралевите му ја платија на Ајнтрахт Франкфурт, а Јовиќ тогаш потпиша шестгодишен договор.

За Реал одигра само 21 меч и имаше скромна минутажа, па во ланското првенство беше вратен во Ајнтрахт како позајмен играч.

Сега Интер е заинтересиран за позајмица на Јовиќ, кој би бил алтернатива на напаѓачкиот тандем Лукаку-Мартинес.

Во игра се и Кејта од Монако, Каиседо од Лацио, потоа и Петања од Наполи, Скамака од Џенова и тандемот Ориги и Бачуаи, коишто играат во Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести