Интер има нов шериф (фото)

Диего Годин, неодманешниот капитен на Атлетико Мадрид, од денес и официјално е нов член на Интер. Уругвајскиот дефанзивец како слободен играч се сели на „Џузепе Меаца“, каде што во наредните три години ќе ги брани боите на Нераѕурите.

По девет години, 389 натпревари и осум трофеи, Годин ги напушти Јорганџиите со истекувањето на договорот, а уште пред неколку месеци склучи соработка со трикратниот европски првак.

Интер преку официјалниот твитер-профил го најави „новиот шериф“ во Милано.

- Оглас -

Најнови вести