Интер има подобри пеналџии од Тотенхем

Фудбалерите на Интер се покажаа како подобри пеналџии од играчите на Тотенхем и славеа со 4:3 по изведување на удари од белата точка, откако мечот од Интерконтиненатлниот куп на шампионите во регуларниот дел заврши нерешено, 1:1.

Ериксен за Тотенхем и Пушкаш за Интер промашија во првата серија пенали, потоа до последниот круг сите беа прецизни, а во петтата серија Скип утна и Тотенхем загуби, откако потоа Жоао Марио погоди за Интер.

Во регуларниот дел Лукас му донесе водство на Тотенхем со погодок во третата минута, а Сенси израмни по најубавата акција на мечот и прекрасната асистенција на Еспозито.

Тотенхем забележа една победа на купот, има еден пораз во регуларен дел и овој денеска по изведување на пенали, додека Интер остана без триумф во три меча по 90 минути, а по еднаш победи и загуби на пенали.

- Оглас -

Најнови вести