Интер има поголеми шанси да добие пенал против Милан, гол треба да „падне“ уште во првиот дел

Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, е вистински центар на светскиот фудбал во последниве неколку дена. Во неделата, во Суперкупот на Шпанија, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:1 и го освои трофејот. Вечерва во Ријад има ново Супер дерби, овојпат меѓу Милан и Интер, кои исто така ќе играат за трофејот во Суперкупот на Италија.

Традицијата вели дека на седум од последните девет меѓусебни дуели имало барем по три гола, што е најава за возбудлив меч. Ромелу Лукаку, кој може и да не биде во стартниот тим, е главен фаворит за да го постигне првиот гол за Интер, а Оливие Жиру е прва опција кај Росонерите.

Може да одиграте и на тоа кој прв или последен ќе изведе корнер, кој прв ќе добие жолт или црвен картон, како и за тоа кој ќе ја има првата замена.

- Оглас -

Најнови вести