Интер издржа на „Етихад“, Жирона во финишот падна во Париз (Видео)

Манчестер сити не успеа да го искористи домашниот терен за победа против Интер на стартот на новото издание во Лигата на шампионите играјќи без голови. Тимот на Пеп Гвардиола немаше решение како да го пробие бедемот пред голот на Јан Зомер што го изгради Симоне Инзаги.


Интер, од друга страна, беше опасен преку противнапади, па англискиот тим стравуваше во неколку акции.


Жирона не издржа до крајот против Пари Сен Жермен и загуби со 1-0 во финишот. Нуно Мендеш во 90-тата минута го постигна победничкиот гол за францускиот првак, а му помогна и гостинскиот голман Газанига со слабата интервенција. Бојан Миовски остана на клупата за резерви во тимот на Жирона.


Селтик беше убедлив и го декласира Слован Братислава со 5-1, а Борусија Дортмунд го победи Клуб Бриж на гости со 0-3.

- Оглас -

Најнови вести