Интер ја растури Џенова и ја претстави својата идна ѕвезда

Интер со победата од 4-0 против Џенова, се врати на првото место на табелата во Серија А, бидејќи има подобра гол-разлика од Јувентус, со кого се изедначени по бројот на освоени бодови.

Двоен стрелец беше Ромелу Лукаку, но другите два гола ги постигнаа фудбалери кои беа поинтересни за анализирање. Гол за Интер даде Гаљардини, кој од деветте погодоци во кариерата во италијанскиот шампионат, дури пет има дадено против Џенова.

Себастијано Еспозито со 17 години и 172 дена стана најмладиот стартер во почетниот состав на Интер во 21. век надминувајчи го Марио Балотели, а потоа му дозволија да шутне пенал, кој го претвори во гол, па малолетниот Еспозито стана и вториот најмлад играч на Интер кој дал гол. Само Марио Корзо со 17 години и 97 дена од далечната 1958 година, бил помлад стрелец во историјата на Интер.

Гостите од Џенова играа без Горан Пандев кој ја одлежа суспензијата од два меча поради исклучувањето против Лече кога даде гол од 40 метри. На двата дуели без струмичанецот, Џенова загуби и не успеа да постигне гол.

- Оглас -

Најнови вести