Интер ќе го освежува нападот со Иранец

Лидерот во Серија А, Интер планира да го ангажира  фудбалерот на Порто, Мехди Тареми, објави новинарот Фабрицио Романо.

Нераѕурите и изминатото лето се обидоа да го купат иранскиот репрезентативец, но Порто одби да го продаде.

Сега ситуацијата е поинаква, договорот на Тареми истекува на крајот од сезоната, а тој им порачал на челниците на Порто дека нема да потпише нов договор.

Бидејќи се наоѓа на шест месеци пред истек на договорот, Тареми во јануари е слободен да преговара со заинтересираните екипи и прв избор му е Интер.

Планот на италијанскиот тим е во јануари да договори се со Тареми и на крајот од сезоната Иранецот како слободен играч да се пресели на „Џузепе Меаца“.

 

- Оглас -

Најнови вести