Интер ќе го пушти Лукаку во Челзи само по еден услов, а потоа се очекува домино-ефект

Интер одби вртоглави 100 милиони фунти во пакет со Маркос Алонсо од Челзи за услугите на Ромелу Лукаку. Сините се во потрага по врвен голгетер, а по откажувањето од потписот на Халанд, се свртеа кон својот некогашен играч, кој не доби шанса да се докаже на „Стемфорд бриџ“, но првиот атак по потписот на Лукаку беше неуспешен.

Сега европскиот првак дозна како може да го врати Белгиецот назад во Лондон, а тоа е доколку самиот Лукаку го посака тоа. Иако Ромелу по настапот на ЕП потврди дека останува во Милано, каде што минатата сезона го освои Скудетото, врз него се прави притисок од страна на неговито агент, а Интер е во искушение да инкасира од неговата продажба.

Доколку Лукаку каде „да“ на трансфер во Челзи, се очекува да се случи домино-ефект бидејќи Интер ќе тргне по потписот на Дуван Запата од Аталанта, кој би бил замена за белгискиот напаѓач, а редовите на европскиот шампион може да ги напушти Тами Абрахам и да се упати кон Бергамо.

- Оглас -

Најнови вести