Интер ќе го разреши Конте, Алегри чека повик

Завршувањето на сезоната во Серија А, означи почеток на бројни шпекулации околу иднината на многу тренери и фудбалери, а денеска на „тапет“ е тренерот на Интер, Антонио Конте. Дека во Интер сериозно се размислува да се разделат со стручњакот, потврдуваат повеќе извори, а се зборува и дека новиот тренер е избран, некогашниот предводник на Милан и Јувентус, Масимилијано Алегри.

Алегри и во Јуве дојде на местото на Конте, тоа се случи во 2014 година. Тогаш директор на Јуве беше Бепе Марота, а истиот човек сега ја врши функцијата во Интер. За Алегри се интересираат и други европски гиганти, но ако добие соодветна понуда од Интер, веројатно и ќе ја прифати.

Конте во Интер добива плата од 12 милиони евра годишно, а кинеските газди лани му дадоа 200 милиони за засилувања. Конте си донесе скапи играчи како Ромелу Лукаку, но Интер остана без трофеј. Билансот на Конте како тренер на Интер во сите натпреварувања беше 30 победи, 12 ремија и осум порази. Им останува борбата за титулата во Лига Европа.

- Оглас -

Најнови вести