Интер ќе купи двајца Чилеанци во пакет – На „Џузепе Меаца“ доаѓаат Санчес и Видал

Интер преговара со Манчестер јунајтед и Барселона за во пакет да доведе во своите редови двајца чилеански репрезентативци.

Засега многу поблиску до „Џузепе Меаца“ е Алексис Санчес, кој се согласил да игра за Интер како позајмен играч од Манчестер јунајтед, со право италијанскиот прволигаш да го откупи договорот по една година.

Со Артуро Видал работата е малку посложена, бидејќи Барселона бара отштета од 20 милиони евра. Договорот му завршува идната година, па Интер гледа идеална шанса да го доведе Видал на позајмица.

Тој беше член на Јувентус, освои и три титули со Антонио Конте, кој сега е тренер на Интер, а во триаголникот е и Џузепе Марота, поранешен спортски директор на Старата Дама, кој го доведе Видал во Торино, во редовите на најтрофејниот италијански клуб. Сега Марота ја има истата позиција во Интер, одлично ги знае квалитетите на Чилеанецот и ќе притисне тој да биде засилување за клубот во обидот да се прекине доминацијата на „црно-белите“ од Торино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести