Интер Мајами потврди: Меси се враќа!

Фудбалскиот клуб Интер Мајами ја објави листата на играчи кои ќе конкурираат за настап на дуелот со Колорадо Рапидс од МЛС лигата кој е закажан за ноќта сабота кон недела, а таму се наоѓа и најдобриот светски фудбалер Лионел Меси.

Меси нема играно официјален меч за Интер од 13-ти март, а во МЛС лигата не играл повеќе од еден месец. Оваа сезона Меси одигра три натпревари во МЛС, и учинокот му е 3 гола и една асистенција.

- Оглас -

Најнови вести