Интер му го позајми Лазаро на Њукасл

Валентино Лазаро е нов член на Њукасл, а пристигна во редовите на англискиот премиерлигаш како позајмен играч од Интер.

Австрискиот репрезентативец не се снајде најдобро на „Џузепе Меаца“, откако лани летото пристигна од Херта и замина на позајмица во редовите на Њукасл.

Според договорот меѓу Интер и Њукасл трансферот на Лазаро ќе чини 1.5 милиони евра за следните шест месеци.

Ако Њукасл сака да го задржи за подолг период, во тој случај Интер ќе инкасира 23.5 милиони евра, или 3.5 милиони евра повеќе од сумата што и ја плати на Херта во јули лани при ангажманот на одбранбениот играч.

 

 

- Оглас -

Најнови вести