Интер му посака добредојде на Симоне Инѕаги

Како што се најавуваше, Симоне Инѕаги официјално седна на клупата на новиот италијански шампион Интер. Во наредните две сезони експредводникот на Лацио ќе командува на „Џузепе Меаца“ откако потпиша договор до јуни 2023 година.

Инѕаги беше првиот избор на управата на Нераѕурите по разделбата со Антонио Конте, кој поради несогласувања со неа одлучи да го прекине шампионскиот проект. Братот на Филипо Инѕаги со голем успех ги водеше Лацијалите во изминатите пет години, во кои освојуваше трофеи во Италијанскиот куп и Суперкупот, по што одлучи дека му е време за нова авантура.

Со Лацио не можеше да стигне до самиот кров на италијанскиот фудбал, а сега ќе има потежок предизвик да го одржи Интер конкурентен за Скудетото, кое се врати во Милано по пауза од една деценија.

- Оглас -

Најнови вести