Интер на Арсенал му понудил трампа Икарди за Обамејанг

Италијански „Тутоспорт“ објави дека Интер му предложил на Арсенал интересна размена на напаѓачи. Во Лондон би заминал Мауро Икарди, кој сезонава игра како позајмен во ПСЖ, а дресот на клубот од Милано би го облекол Пјер-Емерик Обамејанг.

Аргентинецот и Габонецот имаат слична цена, а Икарди е три години помлад. Икарди во ПСЖ сезонава имаше 20 гола и четири асистенции на 31 меч, но и покрај тоа, не го сакаат назад во тимот на Интер, каде што беше и капитен до лани. Договорот на Икарди со Интер е до летото 2021 година, а интерес за него има и од Јувентус.

Интер повторно е во потрага по напаѓач, кој би му бил партнер на Ромелу Лукаку и би се осигуриле во случај Лаутаро Мартинес да премине во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести