Интер најде замена за Мартинес, ќе ќари и попуст од 10 милиони евра

Интер сака да го ангажира Џонатан Давид како замена за Лаутаро Мартинес, откако станува јасно дека аргентинскиот напаѓач ќе ја засили Барселона.

Давид има само 20 години и блеска сезонава во дресот на Гент. Канаѓанецот со 18 голови е на делба на првото место на листата со најдобри стрелци во белгиското првенство, но сега му се случува необична ситуација.

Гент истакна цена од 25 милиони евра, но поради кризата со Коронавирусот и негативните економски ефекти од неа Интер се надева дека ќе може да го ангажира за 15 милиони евра.

Вкупно сезонава до прекинот на натпреварувањата Давид има постигнато 23 голови на 40 меча, а има и 10 асистенции.

Пристигна од Отава во Гент во 2018 година и експерсно стана еден од најдобрите напаѓачи во популарната Жупилер лига.

Мартинес, кој има 22 години е пред трансфер во Барселона, а неговата цена е 111 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести