Интер не се предава, борбата за титулата во Италија станува интересна

Интер победи со 4:0 на гостувањето кај СПАЛ, екипа која е последнопласирана во Серија А и сигурно ќе испадне. Кандрева во 37-мата минута го скрши отпорот на домаќините, а во второто полувреме гостите погодија уште трипати. Со оваа победа Интер потврди дека е најдобар тим на гостински терен, но сепак, кога се работи за вкупниот поредок, тимот од Милано има шест бода зад лидерот Јувентус.

До крајот на првенството во Италија има уште пет кола, што значи дека во игра се уште 15 бодови. Тоа е само потврда дека повторно станува интересна потерата по Скудетото и обидот да се тргне Јувентус од тронот, каде што е суверен веќе осум сезони по ред.

- Оглас -

Најнови вести