Интер не се предава, титулата во Италија ќе се решава во последното коло

Интер победи на гостувањето кај Калјари со 3:1 и остана во трка за титулата во Серија А. Нераѕурите со оваа победа стигнаа до 81 бодови и останаа на два помалку од лидерот Милан кој има 83 бодови.

Во последното коло Милан ќе гостува кај Сасуоло, додека Интер на „Џузепе Меаца“ ќе игра против Сампдорија.

На гостувањето кај Калјари, Интер многу брзо покажа дека трите бода ќе заминат за Милано. Дармијан погоди за 1:0 во 25 минута, а на почетокот на второто полувреме Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0.

Калјари намали на 1:2, но Мартинез со својот втор погодок донесе нова радост и победа од 3:1 за Интер.

- Оглас -

Најнови вести