Интер не згреши, и со две раце го прифати подарокот од Јувентус

Интер го победи СПАЛ со 2-1, и со новите три бода се искачи на првото место на табелата во Серија А. Тимот од Милано до победата дојде со два гола на Лаутаро Мартинес.

Интер го искористи киксот на Јувентус кој одигра само нерешено против Сасуоло, па сега Нераѕурите се осамени на врвот на табелата, и најавуваат жестока битка за титулата. Лаутаро и Лукаку се првиот тандем на Интер после Виери и Калон од 2001/2002, кои после 14 гола поединечно имаат дадено осум или повеќе голови.

Се радиваше и другиот гигант од Милано, Милан. Благодарение на голот на Тео Ернандес во финишот, Милан славеше кај Парма со 1-0. Во Рим, Лацио го надигра Удинезе со 3-0 во меч на кој Илија Несторовски го одигра целиот натпревар во дресот на гостите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести