Интер носи супер квалитетен играч во одбраната

Интер е подготвен да пазари во Шпанија. Според најавите, „нераѕурите“ ќе се обидат во овој преоден рок да го доведат капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин. Искусниот уругвајски дефанзивец има договор со „јорганџиите“ кој му истекува на крајот од сезоната.

Засега нема најави дека Годин ќе потпише нова соработка со мадриѓани, што значи дека е можно негово заминување во јануари, како Атлетико би можел да добие некоја пара од неговиот трансфер. Ако Атлетико во јануари не го продаде Годин, а играчот не потпише нов договор, тогаш по завршувањето на сезоната, искусниот дефанзивец ќе биде слободен играч и ќе може без никаква оштета да замине во било кој клуб.

Интер веќе ги договара и деталите со Годин. Се работи за можен двегодишен договор, со опција за уште една сезона. Сепак, фактот дека Годин за „без пари“ може да биде доведен го знаат и другите големи клубови, па Интер затоа ќе побрза со обезбедување на овој трансфер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести