Интер од продажба на играчи заработи 175 милиони евра, а потроши само 12 милиони!

Италијанскиот првак Интер се најде во финансиска криза по завршување на минатата сезона во која се радуваа на шампионскиот трофеј во Серија А. Свесни дека мора да го намалат буџетот, Нераѕурите во летниот преоден рок решија да продадат неколку големи ѕвезди, за да го намалат дефицитот кој се појави.

Шампионот реши да се откаже од двајца клучни играчи, без кои минатата сезона тешко дека ќе стигнеа до Скудетото. Првиот стрелец Ромелу Лукаку замина во Челзи за трансфер вреден 115 милиони евра, додека Ашраф Хакими беше продаден во Пари Сен Жермен за сума од 60 милиони евра. Тоа значи дека Интер од овие двајца играчи доби 175 милиони евра во клупската каса.

На местото на двете ѕвезди кои си заминаа, Интер доведе фудбалери за кои издвои 12,5 милиони евра. Дензел Думфрис од ПСЖ се пресели на „Џузепе Меаца“ за 11 милиони евра, а од Рома  за само 1,5 милиони евра во Милано дојде Един Џеко.

 

- Оглас -

Најнови вести