Интер одамна заборави на титулата, за второ место може да сонува (видео)

Интер не издржа во финишот против Верона и наместо пресврт, ремизираше со конечни 2-2. Нераѕурите речиси цело прво полувреме бркаа негатива, но раниот гол на Кандрева во вториот дел им даде надеж на гостите дека можат до три бода.

https://twitter.com/CoppaVids/status/1281331644369166337

Се играше 55-тата минута кога искусниот италијански бек повторно беше виновен што се затресе мрежата на Верона, со мала помош од Димарко. Домаќините, сепак, не се откажаа толку лесно, па за заслужен бод погоди Велосо во 86-тата минута за конечни 2-2.

 

https://twitter.com/CoppaVids/status/1281333095011094626

Интер со ова реми ѝ го препушти третото место на Аталанта, сега има 65 бода и еден помалку од тимот од Бергамо, односно три помалку од второпласираниот Лацио.

https://twitter.com/TwitSporHaber/status/1281342591137730560

- Оглас -

Најнови вести