Интер по брза постапка ги реши сите дилеми на гостувањето кај Монца (Видео)

Интер победи на гостувањето кај Монца со 5:1 и сигурно ќе остане на лидерската позиција во Серија А и по завршување на 20 коло. Нераѕурите во првите 15 минути започнаа моќно и брзо постигнаа два гола.

Најпрво радост за гостите донесе Хакан Чалханоглу со погодокот во 12 минута од пенал, откако претходно еден од домашните фудбалери играше со рака во својот шеснаесетник. Тој погодок може да го видите ТУКА.

Само две минути подоцна Лаутаро Мартинез зголеми на 2:0 и тоа по една одлично одиграна акција која започна од голманот на гостите. Токму овие неколку минути на доминација на Интер беа доволни за фаворитот да победи и да ги освои трите бода. Погодокот на Мартинез може да го видите ТУКА.

Во второто полувреме Чалханоглу зголеми на 3:0 во 60 минута, а потоа домаќините донесоа малку радост за своите фанови кога намалија на 1:3 со голот на Песина. Во 84 минута беше досуден втор пенал за Нераѕурите, а овојпат Мартинез беше прецизен за 4:1. Конечните 5:1 ги постави Турам со голот во 88 минута.

- Оглас -

Најнови вести