Интер победува и се забавува, хит сцена по завршувањето на мечот со Удинезе (Видео)

Повредениот бек Бенжамен Павар не играше синоќа во победата на Интер против Удинезе од 4-0, но после мечот беше на терен и им отпоздравуваше на навивачите.

Додека го правеше тоа, одеше наназад, и не виде што му спрема сонародникот Маркус Турам.

Турам клекна и Павар се сопна и се преврте наназад. Насамарениот Павар почна да го брка Турам за да му врати, а оваа сцена стана хит.

Павар го стигна Турам, и со насмевка ја прифати шегата и „стапицата“.

- Оглас -

Најнови вести