Интер подготвува изненадување: Дали на „Џузепе Меаца“ може да пристигне подзаборавениот напаѓач?

Главна цел на Интер во летниот преоден рок е засилување на нападот. Како главни фаворити за доаѓање на „Џузепе Меаца“ се споменуваат Пауло Дибала кој си замина од Јувентус, како и враќање на Ромелу Лукаку од Челзи.

Освен Дибала и Лукаку, како опција за нападот сега се споменува и Матија Дестро. Искусниот 31-годишен напаѓач моментално е без клуб, откако на крајот од сезоната си замина од Џенова.

Агентите на Дестро имале контакт со челниците на Интер, па Нераѕурите може да му понудат едногодишен договор на фудбалерот кој ги носел дресовите и на Рома, Милан, Болоња и Сиена, а има и осум настапи за репрезентацијата на Италија.

Дестро минатата сезона одигра 29 меча за Џенова и даде осум гола, а имаше и една асистенција. Ако не успее трансферот во Интер, за Дестро се интересираат и Салернитана и Лече.

- Оглас -

Најнови вести