Интер потврди: Најден е заеднички јазик, Конте останува тренер

Интер со официјално соопштение потврди дека ќе ја продолжи соработката со тренерот Антонио Конте. Раководството најде заеднички јазик со италијанскиот стратег по денешниот состанок, на кој е одлучено двете страни да продолжат со водење на започнатиот проект.

Очигледно управата донела одлука да му даде поголема доверба на Конте со цел да го врати Интер на победнички патеки. Гигантот од „Џузепе Меаца“ на чело со Конте во неговата прва сезона стигна до позицијата вицепрвак во Калчото, како и во Лигата на Европа.

По оваа одлука може да се очекуваат засилувања со кои Интер ќе биде поконкурентен во однос на сезоната која заврши неодамна, а Конте да го испочитува договорот кој му важи до јуни 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести