Интер пред распад: По Конте, си заминуваат уште четворица клучни играчи

Интер по 11 години чекање стигна до титулата во Серија А, но навивачите на Нераѕурите немаа многу време за славје, затоа што клубот влезе во криза. Тренерот Антонио Конте кој две години создаваше тим за шампионски блесок, си замина од „Џузепе Меаца“.

Конте си замина откако челниците на клубот му соопштија дека нема да има пари за засилувања во летниот преоден рок, како би можел Интер да атакува и на освојување на Лигата на шампиони. Италијанските медиуми шпекулираат дека од Конте било побарано дури и да продаде неколку играчи за да може во клупската каса да се слеат 80 милиони евра, што за тренерот било неприфатливо.

Најавите сега се дека од Интер ќе мора да си заминат неколку клучни играчи. На излезна врата се Лукаку, Хакими, Мартинез и Бастони, играчи кои беа во стартниот тим на Конте во последните две сезони. Од Интер уште нема официјална реакција за тоа кој би бил новиот тренер на клубот и каква е стратегијата во пресрет на новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести