Интер продолжува со засилувања: Утре ќе промовира нов играч

Интер денеска претстави двајца нови играчи кои во следната сезона треба да му помогнат на клубот во трката да може да му се парира на Јувентус во Серија А. Нераѕурите го доведоа капитенот на Атлетико Мадрид, искусниот Диего Годин и Валентино Лазаро.

Покрај овие двајца, Интер се подготвува утре да претстави нов играч. Се работи за 23-годишниот играч на Сасуоло Стефан Сенси. Играчот веќе е пристигнат во Милано, а утре треба да ги помине лекарските прегледи. Доколку нема проблеми со лекарските прегледи, ќе биде официјализиран трансферот вреден 25 милиони евра.

„Сè е во ред. Утре треба да се поминат лекарските прегледи. Многу сум возбуден за овој договор. Горд сум што еден млад играч ќе потпише за голем клуб“, рече менаџерот на Сенси, Бепе Рисо.

Интер уште ги чека големите засилувања за следната сезона. Најавено е дека ќе пристигнат Един Џеко од Рома и Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед, но засега нема потврда за овие трансфери.

- Оглас -

Најнови вести