Интер против Удинезе ќе се вади за елиминацијата од ЛШ

Манчестер сити – Евертон (13:30 ч.)

Англискиот првак во овој меч влегува по претрпениот прв пораз во сезоната од Челзи, но самодовербата на „граѓаните“ сигурно не е разнишана. Добри вести за Пеп Гвардиола се тоа што во составот се враќаат Серхио Агуеро и Кевин де Брујне.

Евертон е апсолутен аутсајдер на овој меч, но сепак гостите веруваат во продолжување на дел од традицијата. На последните две гостувања на „Етихад“, гостите си заминуваа со освоен бод, а и тогаш беа аутсајдери. Дека „карамелите“ не се баш најпосакуван противник на Сити покажуваат и последните девет меѓусебни дуели. Сити се радувал само три пати, Евертон има две победи, а четири дуели завршиле нерешено.

Сепак, сега Сити ја загубил лидерската позиција во Премиер лигата и ако сака да остане во чекор со Ливерпул, ништо друго освен три бода нема да му одговара.

Предлог тип: 1-1&2-5 (2.50) – Квота на денот во Sport Life

 

Валјадолид – Атлетико Мадрид (16:15 ч.)

Без повредениот Диего Коста, Атлетико Мадрид ќе мора да атакува на победа на ова гостување. Валјадолид се како „пациенти“ за Атлетико, бидејќи мадриќани ги добиле последните шест меѓусебни средби и тоа со вкупна гол разлика од 17 дадени и само два примени голови.

„Јорганџиите“ сезонава имаат проблем на гостувањата, каде се специјализирани за нерешени резултати. Од 7 средби, дури пет пати одиграле без победик и тоа многу ги чини во трката за подобра позиција на табелата. Атлетико е голем фаворит, но фактот дека често знае да киксне на гости, дава можност за двојна шанса.

Предлог тип: Х2&2-4 (2.00) – Квота на денот во Sport Life

 

Торино – Јувентус (20:30 ч.)

По 239 пат ќе играат градските ривали во Торино. Јувентус има 103 победи, Торино се радувал 73 пати, а 63 средби завршиле без победник, во изминативе 109 години ривалство. Домаќините немаат никакви проблеми во составот, додека „старата дама“ ќе биде без Барзаљи, Квадрадо, Бентанкур и Кансело.

Јувентус игра неверојатна сезона и во досегашните 15 меча има 14 победи и само едно реми. Торино е повеќе од солиден и моментно е на шестото место на табелата.  „Старта дама“ на гости ги доби сите седум средби и најчесто има меѓу 2-3 гола. Затоа нема дилеми на чие конто ќе завршат бодовите, иако Торино е домаќин на градското дерби.

Предлог тип: 2&0-3 (2.15) – Квота на денот во Sport Life

 

Борусија Дортмунд – Вердер (18:30 ч.)

Борусија Дортмунд блеска сезонава во Бундес лигата, па затоа уште нема ни пораз. „Милионерите“ пред своите навивачи имаат шест победи и само едно реми, но Вердер е тим кој може да се пофали дека подобро игра на гости отколку дома. Затоа мора да се биде претпазливи околу конечниот тип.

Статистиката покажува дека двете екипи се офанзивни, сакаат да даваат голови, а девет од последните 10 меѓусебни средби биле 3+ (на осум имало ГГ 3+).

Предлог тип:  ГГ 3+ (1.86)

 

Интер – Удинезе (18 ч.)

Пред само три дена, Интер приреди шок на своите навивачи на „Џузепе Меаца“, откако не успеа да го победи ПСВ Ајндховен и на тој начин испадна од Лигата на шампиони. Сега, „нераѕурите“ со срушена самодоверба, но и сенсни дека не смее да направат уште еден кикс за толку кратко време, ќе играат против Удинезе. Тоа е можеби еден од посакуваните противници, ако се знае дека Удинезе сезонава игра слабо, па моментно е на само една позиција од зоната за испаѓање.

На последните осум меѓусебни средби имало барем по три гола, што ветува нови погодоци.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.83) 

 

 

- Оглас -

Најнови вести