Интер се фокусира на ангажман на Нико Паз, Хојлунд веќе не е приоритет

Интер ја пренасочи својата трансферна стратегија и сега главна цел е младиот аргентински талент Нико Паз, кој настапува за Комо. Според „Спорт Медијасет“ и Нераѕурите одлучиле да ја сменат својата насока по заминувањето на Симоне Инѕаги и доаѓањето на новиот тренер Кристијан Киву.

Новата филозофија подразбира поголема ориентација кон млади играчи и создавање долгорочна вредност.

Како резултат на тоа, Интер се откажал од интересот за Расмус Хојлунд, за кого Манчестер јунајтед бара 45 милиони евра. Наместо тоа, клубот ќе му даде шанса на 18-годишниот Франческо Пио Еспозито, кој ќе биде резерва на Лаутаро Мартинез во новата сезона.

Нико Паз, 20-годишниот играч за врска, има одлична сезона зад себе во Серија А, откако одигра 35 натпревари за Комо, постигна шест гола и запиша осум асистенции за 2.928 минути на теренот.

Интересна е и неговата трансферна ситуација. Комо го купи од Реал Мадрид за 6 милиони евра, но Кралскиот клуб задржа клаузула за откуп назад за 9 милиони евра што може да се активира до 30 јуни. Засега не е јасно дали Реал ќе ја искористи опцијата, или ќе чека 50% од идната продажба.

Интер планира да испрати понуда за Нико Паз во следните денови.

- Оглас -

Најнови вести