Интер се пофали дека утре ќе потпише со играчот кој има четири титули во Серија А

Артуро Видал вечерва пристигна во Милано и утре треба да ги помине лекарските прегледи, пред да го стави потписот на договорот со гигантот од „Џузепе Меаца“. Чилеанскиот репрезентативец во Интер доаѓа од Барселона, и тоа за трансфер само од еден милион евра.

Играчот од средниот ред беше принуден да си најде нов клуб откако тренерот на Каталонците, Роналд Куман, му најави дека не е во плановите на Барселона. Видал доаѓа повторно да игра за тренерот Антонио Конте, со кого се радуваше на четири титули во Серија А, но како играч на Јувентус во периодот од 2011 до 2015 година.

 

- Оглас -

Најнови вести