Интер се „тресеше“ против Емполи па победи благодарение на играч кој што ќе потпише за Сампдорија (ВИДЕО)

Интер мораше да игра 120 минути против Емполи за да обезбеди пласман во четврт-финалето од Купот на Италија.

Актуелниот првак на Италија на крајот славеше со 3:2, додека израмнувачкиот гол со кој обезбедија продолженија дојде преку Андреа Ранокија во 91-та минута.

Победоносниот гол, воедно најубав на оваа средба беше дело на Стефано Сенси во 104-та минута, по една убава акција. Интересно е што Сенси во наредните неколку дена ќе замине на позајмица во Сампдорија во потрага по поголема минутажа.

Првиот гол на Средбата беше дело на Алексис Санчез (13′), а гостите израмнија преку Недим Бајрами (61), додека со автоголот на голманот Андреи Раду, Емполи дојде до изненадувачка предност, која на крајот не ја задржаа.

Во четврт-финалето, Интер ќе игра против подобориот од мечот меѓу Рома и Лече кој на програмата е утревечер од 21:00 часот.

- Оглас -

Најнови вести