Интер комплетно го смени стилот – Нераѕурите растураат со голови и седмици во Серија А (Видео)

Интер го заборави популарното Катеначо, што во минатото беше симбол на гигантот од Милано и на стартот од новата сезона растура со голови.

Нераѕурите и вечерва победија и одиграа меч со 7 гола, а Беневенто беше лесно победен со 5:2 на гостински терен.

Ромелу Лукаку постигна експресен гол во 28-мата секунда, најбрз во Серија А во последните 16 сезони, а гостите многу рано најавија дека нема да имаат проблем против повратникот во Калчото.

https://twitter.com/InterELGoals/status/1311336325010919426?s=20

Беневенто се обиде да возврати, но наместо израмнување, стигнаа уште три гола во нивната мрежа во првото полувреме.

Роберто Галјардини зголеми на 2:0 во 25-тата минута, па Лукаку постигна уште еден гол, а за убедлива предност по првиот дел се погрижи Хакими.

Домаќините успеаја да постигнат гол преку Капрари во 34-тата минута за 1:3 во тој момент, а уште еднаш истиот играч беше прецизен во 76-тата минута. Во меѓувреме, и петти гол за Интер постигна Лаутаро Мартинес.

 

Интер има две победи во стартните две кола и постигна дури 9 гола, а прими пет.

Во истиот термин од 18 часот Удинезе повторно загуби без постигнат гол вечерва со 0:2, а Специја ја забележа историската прва победа во Серија А.

Гостите славеа со двата гола на Андреј Галабинов во 29-тата и во 95-тата минута, а издржаа речиси половина час со фудбалер помалку по исклучувањето на Терци.

Во 64-тата минута за Удинезе во игра влезе Илија Несторовски, но не успеа да им помогне на соиграчите да се избегне и втор пораз во новата сезона во Италија.

 

- Оглас -

Најнови вести