Интер си купи десен бек

Интер уште сега ја започна реконструкцијата на тимот, според најавите на неколку италијански медиуми гигантот од Милано договори засилување кое доаѓа од Премиер лигата. Станува збор за десниот бек на Манчестер сити Данило, кој по преселбата од Реал Мадрид во 2017 година ретко добиваше шанса во почетниот состав, најчесто играше во ситуација кога Вокер или Менди беа повредени.

Веќе се договорени личните услови со Бразилецот за преселба на „Џузепе Меаца“, Данило се согласил на петгодишен договор според кој ќе заработува четири милиони евра по сезона со дополнителни бонуси. Клубовите допрва ќе треба да ја договорат сумата на трансферот, а се верува дека заеднички јазик ќе најдат на границата од 22 милиони евра.

Данило може да игра принудно и на позицијата лев бек, во неколку наврати Гвардиола му ја даваше таа задача, но сепак во прв план на шпанскиот стратег се Вокер и Менди по бочните страни, така што Данило запиша вкупно 58 настапи во сите натпреварувања за „граѓаните“ во овие две сезони.

 

- Оглас -

Најнови вести