Интер си тргна големо гајле, Лаутаро Мартинес го продолжи договорот до 2026 година

Лаутаро Мартинес го продолжи договорот со шампионот на Италија, Интер, до 2026 година, а конечно избришана е и клаузулата според која тој можеше да си замине за 111 милиони евра.

Ова е голем поттик за амбициите на Нераѕурите во обидот да ја одбранат титулата во Италија, откако претходно си замина Ромелу Лукаку, еден од двајцата одлични напаѓачи, кои во тандем беа меѓу најзаслужните што лани беше прекината апсолутната доминација на Јувентус и беше освоено Скудетото.

Во ланскиот шампионат Лаутаро постигна 17 гола и имаше 4 асистенции во Серија А, или вкупно 19 гола и 11 асистенции на 48 натпревари во различни конкуренции во дресот на Интер.

Моментно е осми стрелец во Калчото со пет гола, а има и една асистенција на 10 меча во тековниот шампионат на Италија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести