Интер со четири „метли“ ги растера Вештерките (Видео)

Интер го порази Беневенто со 4-0, и повторно е на два бода заостанување зад градскиот ривал Милан во трката за првото место во Серија А. Тренерот Антонио Конте треба да го радува што голови дадоа неговите две ударни напаѓачки игли, Лаутаро Мартинес и Ромелу Лукаку.

Аргентинецот даде гол за 2-0 по што Вештерките се предадоа, а Белгиецот ги докусури со два гола. Лаутаро е најмладиот играч со 10 гола за сезонава во италијанската лига, додека 27-годишниот Лукаку дојде до бројка од 150 голови на 307 меча во Топ 5 лигите во Европа.

Погледнете ја големата грешка на голманот на Беневенто, по која топката од ногата на Лаутаро дојде до Лукаку и тој ја пласираше во голот:

https://twitter.com/i/status/1355625848502628352

- Оглас -

Најнови вести