Интер со контра-понуда до Барса: 90 милиони евра за Лаутаро, плус двајца играчи

Барселона веќе извесно време се обидува да најде начин како да ги добие услугите на Лаутаро Мартинес бидејќи клаузулата од 111 милиони евра за нив е висока да се плати во овој период. Интер затоа достави контрапонуда до Каталонците од која дефинитивно ќе профитираат, а воедно тренерот Конте ќе добие две одлични засилувања во составот.

Наводно, Нераѕурите бараат 90 милиони евра за Лаутаро, перманентен трансфер на Артуро Видал, кој се проценува на 20 милиони евра и едногодишна позајмица на Антоан Гриезман, со тоа што Интер ќе ја исплаќа целосната плата на Французинот следната сезона.

Оваа пакет-понуда секако повеќе одговара за италијанскиот гигант, со оглед на тоа дека ќе добие двајца квалитетни играчи од кои едниот ќе се задржи на „Џузепе Меаца“ на подолг период, а воедно 90 милиони евра ќе бидат додадени во буџетот за нови ангажмани.

На другата страна, пак, Барселона конечно ќе добие долгорочна и адектватна замена за искусниот Луис Суарес, а притоа ќе му ја исполнат желбата на капитенот Меси да се доведе неговиот сонародник на „Камп ноу“. Како и да е, оваа сага ќе го дочека крајниот епилог дури по отварањето на летниот трансфер-прозорец.

- Оглас -

Најнови вести