Интер со помош на Џеко и судијата Паирето, до нова „еден во два“ гостинска победа

Интер се провлече на гостувањето кај Сасуоло и победи со 2-1. На Интер како да му пројде во навика да победува на гостински терен откако прво ќе им дозволи на противниците да водат со 1-0 по првото полувреме. Од четири гостувања сезонава, Интер доби три, сите со пресврт „еден во два“.

Един Џеко само што влезе во игра, изедначи на 1-1, за него тоа беше шести гол во седум настапи сезонава, а победничкиот гол за актуелниот италијански првак, беше дело на Лаутаро Мартинес од пенал. Интер има серија од 12 меча по ред на кои дава барем два гола, и тоа е нивен клупски рекорд.

Но, триумфот вечерва на „Мапеи“ стадионот беше и контроверзен. Во првото полувреме, голманот Самир Хандановиќ имаше контакт со Дефрел надвор од 16-никот, и домашните бараа капитенот на Интер да добие црвен картон. Судијата Паирето процени дека не било фаул, па Словенецот се спаси од исклучување.

- Оглас -

Најнови вести