Интер веќе испланира каде ќе ги троши парите од трансферот на Икарди

Мауро Икарди од денес и официјално е играч на ПСЖ откако Интер се согласи да го продаде Аргентинецот за 50 милиони евра кеш, плус 8 милиони евра во бонуси. Сумата која ја заработија Нераѕурите по ослободувањето од проблематичниот Икарди ќе се намени за ангажман на двајца талентирани фудбалери од италијанското првенство.

Секако, на врвот од листата желби кај Антонио Конте е Сандро Тонали, 20-годишниот играч за врска на Бреша, кој се проценува на 31 милион евра според вредноста на трансфер-пазарот. Сепак, се претпоставува дека екипата која е пред испаѓање од елитата ќе бара повисока сума за да го пушти младиот репрезентативец, со оглед на тоа дека интересот за Тонали е огромен.

На радарот на Интер е и дефанзивецот на Верона, Мараш Кумбула. Албанскиот репрезентативец е врсник на Тонали, но е клучен играч на Верона оваа сезона. Кумбула со одличните настапи се наметна меѓу најперспективните играчи во Серија А и го привлече вниманието на италијанските гиганти.

Како и да е, Интер може да биде задоволен од продажбата на Икарди, со оглед на тоа дека екскапитенот беше доста проблематичен во текот на неговиот престој во Милано.

- Оглас -

Најнови вести