Интер веќе пет кола не знае за победа во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Интер вечерва им приредија ново непријатно изненадување на своите навивачи откако на „Џузепе Меаца“ загубија со 0:1 од Монца во рамки на 30-то коло во Серија А.

Со новиот неуспех, Интер веќе пет кола не знае за победа и притоа забележа четири порази, со што си го доведе во прашање освојувањето на едно од првите четири места на табелата кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Единствениот гол беше дело на Лука Калдирола во 79-та минута.

https://twitter.com/i/status/1647335511801864195

По победата, Монца се искачи на 12-та позиција на табелата со 38 бода, додека Интер е петти со 51 бод, само три повеќе од Аталанта која својот натпревар против Фиорентина го игра утре.

- Оглас -

Најнови вести